Бебе Реџа позира во бикини: Вака изгледа жена на Инстаграм без фотошоп!

Популарната пејачка со албанско потекло, Бебе Реџа, позира во дводелен костим за капење во Порто Рико. Фотографијата објавена на Инстаграм носи порака дека женското тело не треба да биде совршено и дека токму различностите на телото се убави.

Реџа носи трендовски костим за капење со анимал принт.

-Веројатно требаше да го фотошопирам стомакот и да направам да изгледа рамен. Веројатно требаше да ги фотошопирам моите нозе за да направам да изгледаат послаби. Требаше да се фотошопирам за да изгледам повисока…но не го направив тоа..Еве како навистина изгледа жена без фотошоп на инстаграм, пишува Реџа.

Ова не е првпат Бебе Реџа да адресира пораки за различностите на телата и стандардите во модната фела. А ваквите пораки на фановите многу им се допаѓаат и ја прават Реџа уште пославна.

x

Check Also

По 4-ти пат мајка: Ким Кардашијан го покажа бебенцето

„Реалити“ ѕвездата Ким Кардашијан пред еден месец по четврти пат стана мајка, ...