Бехати Принслу – 2015 е нејзина година!

Ангелот на Викторија сикрет, Бехати Принслу, ќе ја краси насловната страница на каталогот за костими за капење која го издава оваа марка за долна облека. Престижноста на овој каталог е еднаква на онаа која ја има списанието „Спортс илустрејтид“.

bp2

Иако може да се каже дека 2014 беше нејзина година, 2015 е годината во која топ-моделот Бехати Принслу, барем според најавените ангажмани, се очекува да го достигне зенитот во кариерата.

Додека минатата година на каталогот на Викторија сикрет насловната ја освои Кендис Свонепул, годинава таа чест ја доби Принслу.

Првите фотографии веќе се појавија на Интернет, а убавицата позира пред објективот на Грег Кадел.

bh3

Инаку, Принслу на групата „ангели“ на Викторија сикрет им се придружи во 2007-та година.

x

Check Also

Бијонсе речиси без шминка на насловната на американскиот Вог

Најважното, септемвриското издание на американскиот Вог го краси Бијонсе. Очекувањата за посебноста ...