Бела Хадид ги рекламира костимите за капење на Calvin Klein

Популарната американска модна марка Calvin Klein ја лансираше колексијата на костими за капење за лето 2020.

Пред објективот на фотографката Шарлот Велс позира супермоделката Бела Хадид облечена во новите модели на костими за капење препознатливи по модерниот спортски стил.

На едноделните костими впечатливо е логото CK.  Палетата на бои го опфаќа неонскиот тренд покрај класичната црна боја.

Како моден додаток за плажа тука се кафтанските прекривки.

 

x

Check Also

Златни можности со златна картичка на Халкбанк

Поседувањето и користењето кредитна картичка е огромна предност која со себе носи ...