Бела Хадид и Карла Бруни: Неверојатните сличности на двата топ модела

Неверојатно, но вистинито, како двата топ модела од различни децении може толку да си наликуваат. Зборуваме за преубавата Карла Бруни која има 51 година и подеднакво преубавата Бела Хадид која наполни 22 години.

Позирајќи во друштво на Бела Хадид, топ моделот од 90-те години, Карла Бруни, објавувајќи ја фотографијата на Инстаграм запишува „Со мојата помлада сестра“. Двете се фотографирале на вчерашниот настан на Диор организиран во рамките на Филмскиот фестивал во Кан.

од настанот на Диор

Сличноста на Бруни и Хадид, прва ја забележа Наоми Кембел, која пред две години, самата фотографирајќи ги двете колешки со значително различна возраст, на Инстаграм напиша „Карла, да не имаш тајна сестра?“.

И фановите на Хадид ја забележаа оваа сличност, па постираа фотографии од кампањите на козметичките компании, споредувајќи ги двете убавици. Ист профил, исти усни, иста боја на очите…

По низата статуси на социјалните мрежи, се огласи и Бела Хадид, не криејќи дека многу и се допаѓа стилот на Карла Бруни и дека често и служи за инспирација. „Оваа жена е неверојатна, знае се да направи! Те сакам Карла Бруни“, напиша Бела Хадид.

x

Check Also

Улична мода од Модната недела во Токио (ФОТОГАЛЕРИЈА)

За време на Модната недела во Токио, уличниот стил никогаш не разочарува! ...