Бела Хадид и Лила Мос ја претставуваат пролетната колекција на Miu Miu

И овојпат дизајнерите на италијанската луксузна модна марка Миу Миу ја покажаа својата оригиналност и италијански шарм преку креациите дизајнирани за сезоната пролет/лето 2020.
Главни лица во кампањата се супермоделот Бела Хадид и ќерката на Кејт Мос, Лила Мос. Друштво им прават убавиците Томива Марејан, Јордан Летвич, Патриција Пиекарска и Танг Хе. Фотографка на кампањата е Лиз Колинс. 

Проѕирните ткаенини, дискретен цветен принт, сандалите-кломпи и моделите с викока, декорирана платформа на петата, мрежестите чанти, изобилството на детали – овие елементи ја одбележуваат колекцијата. Во продолжение, погледнете што ни носи Миу Миу за пролет/лето 2020. 

 

 

x

Check Also

Меган и Хари ја „сменија“ Канада за Лос Анџелес

Војвотката и војводата од Сасекс со синчето одлучиле да ја напуштат Канада ...