Бела Хадид, Ирина Шаик и Џесика Алба носат модни парчиња од MANGO пролет/лето 2019

Супермоделот Бела Хадид е фотографирана на миланскиот аеродром во блуза со „анимал“ принт од пролетната колекција на модната марка Манго. Бела престојува во Италија за Неделата на модата.

Ирина Шаик, исто така, при престојот во Милано носи гардероба од Манго – од „глава до петици“ – кошула и панталони со риги и палто. Модните парчиња се од пролетната колекција на популарната модна марка.

И Џесика Алба не одолеа на новата колекција на Манго. Во Беверли Хилс, глумицата е фотографирана на прошетка, во кожени чизми со „анимал“ принт.

Во фотогалеријата „фрлете“ поглед на овие прекрасни Манго модни парчиња.

 

x

Check Also

Минамиалистички дизајни од & Other Stories

Помалку е повеќе, сметаат дизајнерите од & Other Stories мислејќи на новите модни ...