Бела Хадид во новата кампања на Мајкл Корс

Бела Хадид е главно лице во новата кампања на Мајкл Корс за сезоната есен/зима 2019, насловена Hell on Wheels.

Фотографирана од страна на Дејвид Симс, Бела ги презентира новите јакни кои се во фокусот на колекцијата, заедно со кожените чанти со „анимал“ дезен.

-Џетсетот од 60-те и 70-те години му покажа на светот како се живее брз живот на најгламурен можен начин. Денес, со Интернетот, постојано сме во движење, па затоа сакав фотографии за кампањата кои тоа ќе го рефлектираат, вели славниот дизајнер.

x

Check Also

Изглед на денот: Селена Гомез во фустан од новата колекција на Версаче

На доделувањето на Американските музички награди, вниманието го украде пејачката Селена Гомез, ...