Белење на заби на природен начин – брзо и едноставно, а многу ефикасно!

Не морате веднаш на стоматолог за белење на забите. Одлични резултати може да добиете и со домашен третман.

Еден од најкористените и проверени стари методи е употребата на лимон. Благодарение на природното дејство за избелување, постепено ги отстранува остатоците од храна и забен камен. Секој што пуши, веднаш ќе забележи промена во бојата на забите. За ефикасно дејство, препорачуваме убаво да ги исплакнете забите со сок од лимон на секои два или три дена. Алтернативно, тријте го лимонот директно на забите. Се препорачува да не се претерува затоа што, со оглед на силната киселост на оваа овошка, можно е да ослабне глазурата. После секој третман, исплакнете ја устата темелно и отстранете го остатокот.

Одличен природен лек за белеење на заби е и сода бикарбоната. Ќе биде доволно да се подготви мешавина со лажица сода бикарбона и една лажица вода. Добро измешајте додека не се добие хомогена смеса и доколку е потребно додадете повеќе вода. Оваа смеса е вистинска бомба против жолти и тврдоглави дамки. Дури и во овој случај, не треба да претерувате затоа што, како интензивен третман, ризикувате да ги направите забите премногу чувствителни.

x

Check Also

Проф. д-р Кристина Митиќ, специјалист по болести на устата и пародонтот  

  Македонија треба да ги следи светските искуства и да го препознае ...