GEOX

Бели мокасини, тренд за лето 2019, ги најдовме во GEOX

Мокасините се суперудобни обувки во кои може да „протрчаме“ низ целиот ден, од утро до вечер, и низ повеќе сезони – ги носиме од првите потопли денови па се до ноември.

Годинава во тренд се белите мокасини кои лесно се комбинираат со светли бои на гардеробата. Совршени се со фармерки со должина над глуждот и со лелеави здолништа. Ова лето ги носиме со модни парчиња со висок струк, како што диктираат сезонските трендови –  фармерки, панталони, шорцеви или здолништа. Сè што треба да направите е да си најдете пар добри мокасини во бела нијанса, а такви најдовме во GEOX.

Да ве потсетиме, не само што мокасините можете до максимум да ги „експлоатирате“ до ноември, туку тие се и добра инвестиција за во иднина – на неделите на модите доминираше трендот не бели мокасини за 2020 година.

Во GEOX достапни во продажба се бели рамни мокасини и модел поткренат на потпетицата кој визуелно ја издолжува ногата и не прави повитки. Двата пара може да се купат и во онлајн продажба – ТУКА.  

x

Check Also

Топ 4 комбинезони од летната колекција на Massimo Dutti

Ги сакаме комбинезоните зашто со нив не размислуваме многу со што ќе ...