Бело вино со сливи: Слатка напивка совршена за лето

Слатките ноти од оваа напивка ќе го освои секој љубител на коктели. Потребни ви се само три состојки.

Потребни намирници – 2 филџана зрели (модри) сливи, 2-3 лажици шеќер (по вкус), 750 мл бело вино.

Подготовка

Измијте ги сливите и исечкајте ги на ситни парчиња. Потоа врз нив додадете го шеќерот. Оставете ги така да отстојат половина час, а потоа залијте ги со виното. Покријте ги со фолија и оставете да стојат во фрижидер преку ноќ.

Пред послужување додадете мраз по желба.

Уживајте!

x

Check Also

Битолско чоколадно млеко со 10 витамини за поздраво детство (ФОТО ВЕСТ)

Внесувањето здрави и корисни состојки што го поттикнуваат развојот на детскиот организам ...