Бен Афлек прозборе за зависноста од алкохол: До крајот на животот ќе се борам со оваа болест!

Познатиот холивудски глумец Бен Афлек, кој неодамна се разведе од Џенифер Гарнер, успеал да ја помине рехабилитацијата од 40 дена во Центарот за лечење од зависности.

На 22-ри август, на инсистирање на својата екс сопруга, глумицата Џенифер Гарнер, Бен Афлек замина на лечење од алкохолизам, зависност со која со години се бореше и која, меѓу другото, го уништи и неговиот брак. По 40-дневна терапија, глумецот излезе од Центарот за рехабилитација, но лечењето продолжува и вон оваа институција. По тој повод, Афлек преку Инстаграм се обрати на своите фанови, оставајќи емотивна порака. 

Бен им порача на сите дека добил исклучителна поддршка од семејството, пријателите и колегите, и дека таа поддршка неизмерно многу му значи.
Холивудскиот глумец одличил да зборува отворено за алкохолизмот, зашто и нему  многу му значеле искрените исповеди и искуството низ кое минувале неговите колеги со иста зависност. Смета дека со оваа болест, како и со секоја друга зависност, мора да се бори до крајот на својот живот, и дека е подготвен на тоа. Како што вели, тоа го прави поради своето семејство, зашто тие му се најголем ветар во грбот.
Сепак, ова не е првпат познатиот глумец да се лечи од алкохолизам. Првпат на рехабилитација беше во 2001 година, а потоа и во 2017. По успешните периоди на апстинација, повторно се врати на чашката во 2018 година. Очигледно е точно тоа што глумецот го тврди, дека тоа е болест со која човек мора да се бори целиот живот.

x

Check Also

Бела Хадид во новата кампања на Мајкл Корс

Бела Хадид е главно лице во новата кампања на Мајкл Корс за ...