Бен Афлек си бара нова љубов преку агенција за запознавање

Според гласините, Бен Афлек се зачленил во „Раја“, сервис за запознавање и закажување на состаноци, со желба повторно да се вљуби.

Холивудскиот глумец Бен Афлек е „сингл“ и си бара нова љубов, соопштува „Пејџ Сикс“.

„Се чини дека [Бен] сака сериозна врска и нема намера да излегува со познати личности . Тој живее среќни моменти во животот: ги има своите деца и многу е посветен на работата, но истовремено тој е подготвен повторно да се за вљуби“, вели изворот на Пејџ Сикс.

Според гласините, Афлек се зачленил во „дејтинг“ сервисот „Раја“ со цел да најде сродна душа, по неуспешниот брак со колешката Џенифер Гарнер, но и по раскинувањето на врската со Линдзи Шукус, продуцентка на Saturday Night Live. 

Во меѓувреме, глумецот е виден во хотелот Bel-Ari, како вечера со некоја млада девојка со костенлива коса. Според присутните, двајцата изгледале вљубени но немало физички контакт. Гласините велат дека ова е неговиот прв закажан состанок „на невидено“ од страна на агенцијата за запознавање.

x

Check Also

Моника Белучи блеска во новата кампања на Долче и Габана

Три италијански убавици од различни генерации – Моника Белучи, Бјанка Балти и ...