Бен Афлек во романтичнo бегство на Куба со новата девојка Ана де Армас

Холивудската ѕвезда ја заборава поранешната љубов, глумицата Џенифер Гарнер, со новата Бонд девојка: двајцата беа овековечени заедно во нејзината родна земја, Куба.

Збогум, Џенифер Гарнер! Бен Афлек е подготвен да започне нова љубовна приказна со новата партнерка, преубавата глумица Ана де Армас. Изгледа дека новата Бонд девојка успеа да го излекува по разводот, за кој самиот глумец неодамна откри дека – разводот му е најголемото жалење во неговиот живот.

Ана е доста помлада од Бен, додека тој има 47 години, таа е 16 години помлада, односно има 31 година. Се запознале во Њу Орлеанс, на снимањето на филмот (кое неодамна завршило) во кој двајцата глумат, трилерот „Deep Water“. Овој филм бил пресуден за нивната љубов. Фановите пак, се прашуваат, дали Ана ќе успее во тоа што не успеа Гарнер – да го врати Бен во трезвеност.

Парот е „уловен“ како престојува во Куба на романтично патување.

x

Check Also

Кралски изглед на денот: Меган Маркл во спортски стил и шик бела јакна

Поранешната актерка, 39, се појави на „Зум“ една година по лансирањето на ...