BERSHKA има супер PARTY колекција (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Новогодишната колекција на „Бершка“ содржи модни парчиња кои се совршени за свечените мигови на новогодишните празници, забави, коктели и дружења, секако дизајнирани за младите или за оние со младешки дух.

Адути на колекцијата се малите црни фустанчиња и тесните црни панталони, а од материјалите доминираат светкавите, плишот и чипката.

За оние кои повеќе сакаат макси варијанти на фустани – тука се вамп моделите со длабоки деколтеа и изрези на грбот.

Љубителките пак, на диско стилот, ќе имаат прилично голем избор на светликави и секси топови, кои одлично се комбинираат со ниските хит чизмички во сребрена боја со огледало ефект.

Од модните додатоци тука се вечерните салонки со висока потпетица, свечените чантички, чевлите со дебела потпетица на која се впечатливи бисерите, сребрените сандали…

Во фотогалеријата проверете што ни носи „Бершка“ во својата нова „парти“ колекција.

x

Check Also

Топ 5 трендовски есенски фустани со „анимал“ принт од STRADIVARIUS

Веќе е јасно, дури и за оние кои не ги следат модните ...