Кој ќе го добие бесплатниот Ламборгини Авантадор вреден 400,000$ ?

Едно е сигурно – ќе го добие сопственикот на луксузен апартман во Дубаи.
Убавите работи одат заедно…

За што станува збор?

lamborghini-aventador-brown

Страста има многу имиња. Едно од нив сигурно е: Ламборгини Авантадор!

Компанијата за недвижности Дамак Пропертис, за време на Дубаи Шопинг Фестивал (кој трае од 2-Јан до 2-Фев 2014год.), дава бесплатни луксузни автомобили со секој купен луксузан апартман во Дубаи. Најатрактивен меѓу автомобилите кои се добиваат бесплатно е секако Ламборгини Авантадор, вреден 400,000$, кој ке го добие купецот на луксузниот апартман вреден 15 милиони долари. Еден таков луксузен пентхаус со 4 спални соби и сите можни работи кои може да ги замислите дека одат со него (веројатно и повеќе од тоа), се наоѓа во екстравагантното архитектонско здание Бурж Калифа.

BurjCalifa0

Неверојатната Бурж Калифа

Се разбира има и зајадливи забелешки за прескапите апартмани кои треба да се купат за да се добие Ламборгини Авантадор. Но, од Дамак Пропертис имаат одговор:  – Во секое време може да купите Ламобиргини Авантадор за само 400 000 долари и да живеете во подрум – така дури и ќе заштедите 14,6 милиони долари! Секако дека не ви е тоа целта.

Веројатно веќе има повеќе кандидати кои веќе се гледаат себеси како по излегувањето од својот луксузен пентхаус одат да го прошетат својот Ламборгини Авантадор по улиците на Дубаи.

Ова е рекламата на Дамак Пропертис за овогодинешниот Дубаи Шопинг Фестивал.

ММ

x

Check Also

Кое куче е идеално за вас според хороскопскиот знак

Нашиот хороскопски знак зборува многу за нас, нѝго одредува карактерот, вкусовите, што ...