Беспрекорна шминка во 4 чекори

Сакате да се шминкате? Тоа го првите со големо уживање и посветувате внимание на вашите makeup ритуали или можеби се шминкате само за на работа? Без разлика на која група девојки и жени припаѓате, ако сакате да изгледате уредно со беспрекорна шминка и фантастичен изглед во секој миг, следете ги овие 4 лесни чекори кои ве водат во процесот како да ја нанесете вашата пудра. Течна или кремава, пудрата е секогаш дел од вашиот несесер или чанта, а иако сите мислиме дека нанесувањето е едноставно, сепак не секогаш го имаме ефектот кој го посакуваме. Затоа ги претставуваме триковите за една од најозборуваните теми помеѓу жение: пудрата!

ЧЕКОР 1: Хидратација на кожата

 Хм, па дали мора? Секако! Иако повеќето од нас го “прерипуваме“ овој прв чекор, не треба да го правиме тоа. Тргнете го настрана изговорот дека немаме време, бидејќи има решение за нерамномерните делови пудра на лицето. Хидратираната кожа дава нежен ефект кој придонесува за мазна кожа и рамномерно нанесена пудра. Започнете го шминкањето пет минути пред да ја нанесете пудрата со аплицирање на лесна дневна хидратантна крема која ќе биде подлога за нежна и мазна кожа.

 

ЧЕКОР 2: Пример задолжителен дел

Доколку забележите дека на вашата пудра и треба време да се адаптира на кожата и лицето, тогаш задолжително ставете primer. Со овој производ ќе го изедначите тонот на кожата, а притоа ќе ви овозможи мазна кожа на лицето, која е потребна за добро аплицирање на пудрата. Дополнитена корист од primer-от е тоа што ќе допринесе за долготрајност на шминката дури и до 16 часа. Ставете го на местата од Т-зоната, а нанесувањето правете го со прстите и дланките за подобар ефект.

ЧЕКОР 3: Ставете пудра на вистинските места

Прв причинител за неправилно аплицирање на пудрата е нејзиното нанесување во поголеми количини. Затоа прво ставете соодветна количина за вашето лице. Ставајте пудра на средишниот предел на ликот, околу носот, брадата, образите… така од таму ќе ја “проширите“ на преостанатиот дел од лицето. За ултра трик е пудрата во прав или камената пудра која се става на Т-зоната со што се “фиксира“ течната пудра. Ставете ја со четка за пудра, но пред нанесувањето протресете ја четката.

ЧЕКОР 4: Потребна е природна светлина

За уреден изглед, освен чекорите за подготовка на лицето за нанесување пудра, потребно е да се почитува и четвртиот чекор кој вели дека нанесување на пудра на природна светлина е еден од главните фактори за добра шминка. Нанесување на шминка на светлата во тоалетот или на масичката за шминка можат да не го покажат вистинскиот тон, а природната светлина ќе помогне за добро нијансирање на бојата од лицето со бојата од вратот. Затоа вашето make-up катче препорачуваме да биде во близина на прозорците.

 

x

Check Also

Поглед на летната колекција на MASSIMO DUTTI

Топ моделот Грејс Елизабет е главно лице во новиот тренд водич на ...