Бестселер од MANGO: Розовите сомотски панталони

Откако се појавија во есенската колекција, за брзо време го освоија Инстаграм. Станува збор за уште едно модно парче од Манго по кое „лудуваат“ девојките низ светот – розовите панталони од сомот.

Тие се вистинско освежување во есенско-зимскиот гардеробер, не само по нежната боја и мекиот материјал, туку и по широкиот женствен крој.

Овие сомотски панталони од Манго се идеален избор за студените денови. Високиот струк пак, визуелно ќе ви ги издолжи нозете и ќе направи да изгледате повитки.

Во продолжение погледнете како може да се комбинираат и „носат“.

x

Check Also

Слатки како шеќер: Лакирани патики од Bershka во шеќерна нијанса

Меѓу големиот избор на патики за летната сезона, погледот ни застана на ...