„Бев најгрда во одделението“ – Топ моделите раскажуваат за тинејџерските денови

Од Жизел Бундхен до Карли Клос и Лили Олдриџ: топ моделите раскажуваат каква била нивната адолесценција кога сеуште не биле славни.

Денес се меѓу најубавите и најпосакуваните жени во светот, сепак и тие имале љубовни проблеми кога биле млади. Еве како најпознатите модели на денешницата се сеќаваат на нивните односи со момчињата.

Карли Клос

Во едно телевизиско интервју, најдобрата пријателка на Тејлор Свифт признава за нејзината болна врска со едно момче од младоста. „Отидов на забава со мојот најдобар пријател од колеџот, беше околу метар понизок од мене. Бев многу вљубена во него. Му го отворив моето срце и му реков – „Те сакам, сакаш да излегуваш со мене?„ Тој ми одговори – Ох, Карли, те сакам но само како пријателка“. Му одговорив – „ок“. Срцето ми беше скршено.

Жизел Бундхен

Тешко да се поверува, најплатениот топ модел во светот, не била воопшто пожелна во друштво и пријателите ја одбегнувале. „Бев превисока на само 14 години, но тоа воопшто не беше забавно за мене. Сите се мајтапеа со мене“, објаснува Жизел за Њујорк Тајмс. Надимак и бил Олива, како девојката на Попај, а еден ден момците организирале забава со цел да проверат кој е најхрабар од нив и ќе ја бакне грдата девојка.

Лили Олдриџ

Ангелот на Викторија сикрет во школските денови и деновите на колец не успевала никако да го привлече вниманието на момците. „се обидував да се облекувам најженствено што можам зашто сите мислеа дека имам изглед на момче. Потоа се откажав од идејата да докажувам дека сум женско, почнав да носам панталони со маичка и верував дека тоа е „кул“. Не беше некоја добра идеја ама добро се чувствував“.

Тејлор Хил

„На момчињата не им се допаѓав во училишните денови. Сега истите тие ми пишуваат – Еј, одев со тебе на училиште“, се исповеда моделот на Викторија сикрет во едно интервју и додава „Едноставно сите други девојки беа во центарот на вниманието освен јас. Мене никој и не ме забележуваше“.

Март Хант

„Сакав да им се допаднам на момчињата, но бев многу висока. Сигурно бев најгрдото девојче во одделението“, раскажува моделот.

Ирина Шаик

И руската убавица била несигурна во училишниот период. „Имав 14 години и жалев што не сум машко. Мислев дека сум грда и дека никој во мене нема да најде привлечност“, вели Шаик.

x

Check Also

Седа коса: тренд што обедини многу sвезди во движењето „без боја“ – од Енди Мекдауел до Џејн Фонда, Џоди Фостер, Џејми Ли Кертис до…

Кој рече дека седата коса им одговара само на мажите? Од Енди ...