„Беверли Хилс 90210 “, 30 години од првата епизода. Глумците прославија на социјалните мрежи

На 4 октомври 1990 година, првата епизода на популарната тв-серија „Беверли Хилс 90210“ беше емитувана на Фокс. Две години подоцна пристигна во Европа, и оттогаш остана една од најпопуларните ТВ серии.

Поминаа триесет години од првото емитување на серијата, но приказните за Бренда (Шанен Доерти) и Дилан (Лук Пери, кој почина во 2019 година), Кели (Џени Гарт) и Брендон (Џејсон Прајсли) и нивните пријатели од средно училиште, Дона (Тори Спелинг), Андреа (Габриел Картерис), Стив (Јан Зиринг), Дејвид (Брајан Остин Грин) сè уште ги помниме. Кој не се сеќава на љубовната тројка на Бренда-Дилан-Кели? И, кој може да ја заборави љубовната приказна на Кели и Брендон? Вчера протагонистите на серијата ја прославија на социјалните мрежи годишнината споделувајќи со своите следбеници, и објавувајќи фотографии од пред триесет години.

„Како вчера да беше“ , напиша на Инстаграм Џени Гарт која во серијата ја играше русокосата Кели Тејлор. И додаде : „Среќна 30-годишнина на моето семејство 90210 и на сите неверојатни луѓе кои помогнаа оваа серија да стане дел од телевизиската историја. И најмногу на нашите фантастични фанови! Ве сакам сите!”.

View this post on Instagram

CHEERS… to 30 years since the premiere of Beverly Hills, 90210. – I love my 90210 sisters and brothers that became family to me. I will love you all forever! – And, I love the fans that truly made this show a piece of television history. You grew up with us. You believed in us. You supported us. You loved us. You cheered us on. Your hearts broke when our hearts broke. You believed in our fashion choices. You believed in our friendships. You believed whole heartedly in Brandon, Brenda, Kelly, Dylan, Steve, Andrea, David, and Donna. And, every other character that graced our zip code. – Our fans, this day is truly dedicated to all of you who lived thru our experiences by watching us. You mean the world to us! We are eternally grateful to our fans who have truly become friends to us. We celebrate you today and everyday! Xoxo #beverlyhills90210 #90210 #30yearstogether #90210forever

A post shared by Tori Spelling (@torispelling) on

И Тори Спелинг, која ја толкуваше улогата на Дона Мартин, објави неколку фотографии од најпознатата група тинејџери на ТВ. И таа им се заблагодарува на фановите  без кои сето ова не би било можно: «Вие пораснавте со нас. Вие верувавте во нас. Не поддржувавте, нè сакавте, нè охрабрувавте. Срцата ви се скршија кога се скрши нашето срце. Верувавте во нашите модни избори. Вие верувавте во нашите пријателства. Овој ден е посветен на вас“.

 

x

Check Also

Дуа Липа го рекламира новиот парфем од Сен Лоран – YSL Libre Intense 

Поп пејачката Дуа Липа се врати во нова соработка со луксузната модна ...