Без скандал(и) нема напредок? Многумина ја потврдија оваа изрека

Со задоцнување од 20-тина и „кусур“ години, оваа мода на голема врата влезе и кај нас.

skandali antonela moseti Екстравагантниот италијански креатор Роберто Кавали додека уште се колнеше на верност пред сопругата, беше „уловен“ со разголената Антонела Мосети. Кога топ убавицата Латиција Каста одлучи да премине во актерки, за почеток – прифати да сними благ порно филм. Намерно или не, на Микел Хунзикер и падна градникот во шоуто и … стана неверојатно славна! Така е во светот – без скандал(и) нема напредок. Оваа „мода“ пристигна и кај нас, со задоцнување од 20-тина години. Но, во секој случај се проширува како куга.

Ах, тој верен, див Кавали!

Разголената шоу водителка, Антонела Мосети, се чинеше дека делува подмладувачки на верниот Кавали, кој инаку, важеше за исклучително семеен човек. Беше ли доцна за негирање? Славниот креатор се колнеше дека немало ништо повеќе од возење со автомобилот и неколку (случајни) заеднички фотографии. А, што би правеле вие со Антонела, да бевте на негово место? Дури и да беше тој во право, „тиквата“ напукна – а бројката на продадени парчиња гардероба со потписот „Кавали“ скокна за речиси 30 отсто!

Кога сме кај модата, кога топ моделот Латиција Каста ја најави својата желба да започне филмска кариера се прашуваше – од каде се почнува? Секако, од филмовите со еротска тематика! Првата филмска улога која Латиција ја доби ( и ја одигра) беше улогата на една проститутка. За тоа, пак, мораше да ја скрати косата и барем десет пати да се расоблече што до-половина, што целосно гола. По „успешноста“ на филмот, следуваше и втората улога во „Велосопед“, каде на екранот двојно повеќе се појавува угол-гола. Но, тоа и не е толку важно колку што беше важна нејзината верба во актерството. Ако така почнала Хали Бери, зошто и Латиција да не очекува нешто посериозно, во најдобар случај и Оскар?

Еротски игри? Со задоволство!

Да ги прашавте пред десетина години нашите модели дали би се сликале голи, да кажеме, за модно списание,skandali kejt mos одлучно би ви одговориле – по ниедна цена! Или можеби две-три „срамежливо“ би прифатиле само под услов, токму тоа издание да не се дистрибуира до Македонија. Прашајте ги денес истото. Многумина смело ќе ви одговорат дека тоа го прави и една Кејт Мос. А други пак, иако не се ни баш некои модели, тоа го прват и гратис, на социјалните мрежи. За привлекување на внимание.

И Ева Херцигова пред да стане таква каква што ја знаеме, мораше да прифати да се расоблече. Ама тоа го направи во раните 90-ти години, без двоумење, со задоволство. Во проѕирен костим за капење позираше за списанието Спортс илустрејтид, иако веќе беше најавено дека фотографиите најверојатно ќе ги откупи германскиот „Плејбој“. Не, таа не мислеше на ништо срамно, таа само мислеше како да се искачи на врвот. За истото тоа беше свесна и Бритни Спирс. Свесна беше дека младите „напаѓаат“ и дека многу брзо може да биде истисната од колосекот на моментната слава. За да се остане во игра, мора да се отвори и по некоја провокативна карта. Откако им соопшти на новинарите дека сака да остане девица до влегувањето во брачните води , го реализираше својот видео спот во кој на „ачик“ ги извади градите.

Шпанската убавица Пенелоп Круз го сфати штосот уште при првата средба со Том Круз. Според нивната тогашна заедничка гувернантка, Пенелоп шетала дома наполу разголена, во свилени, тесни комбинезони: „Таа не е толку заводничка колку што е скандалозна. На секоја забава таа на Том му приредуваше ново шоу, жешки караници и бурни изливи на љубомора. Дома, пак, темпераментот го искажуваше со фрлање на вазни, и пепелници, и чинии, а потоа секирите се закопуваа во жешкиот кревет. Кому би му било здодевно со неа?“. Подоцна се покажа дека истото тоа не требала да го прави дома, туку во медиумите.

Еротските вербални скандали не стивнуваа и за Камерон Дијаз, пред да се прослави. По успехот во „Нешто во врска со Мери“, Дијаз се врати да го иронизира сексот во „Најслаткото нешто“. Сцената на лижењето сладолед во филмот, таа на пресот ја објаснуваше како сладок орален секс, по кој наводно, и приватно, лудува.

Најпосле, што ја врати раскошната Валерија Марини на насловните страници на италијанските медиуми, во моментот кога сите се откажаа да пишуваат за неа? Љубовната врска со Чеки Гори? – Не, тоа можеше и да се очекува! Но, тоа што никој не го очекуваше од неа беа зборовите изговорени „во доверба“ на еден новинар: „Оргазмите се нешто прекрасно. Сакам да ги доживувам по стотина на ден.!“

Митот наречен Аманда Лир

skandali amanda lirПогледнете ја само! Па, таа и не е толку совршена! Кога некој ќе го спомне нејзиното име, прво што ви паѓа на ум е нешто што е помеѓу жена и маж. И ако животот го грабаше само со убавината – немаше да стигне далеку. Родена во Хонгконг, таа се пресели во Швајцарија, каде што научи течно да зборува пет јазици. На 19 години, одлучи да се пресели во Лондон за да студира уметност на „Сент Мартин“ колеџот. Тука стана ѕвезда на лондонските ноќи, па така се запозна со Брајан Џонс од „Ролинг Стоунс“. А, откако се зближи со него, стана баран модел. Една година подоцна, се сели во Париз, каде влегува во игра со Пако Рабан и Ив Сен Лорен. Благодарение на нив, го запознава Салвадор Дали, на кого му станува модел, потоа пријателка, за најпосле да му стане и љубовница. Но, мислите дека приказната завршува тука? Ма, ајде! До сега ќе беше заборавена! Новиот скандал за неа значеше напредок: Во 70-тите Дејвид Боуви беше ѕвездата која ветува! Му стана љубовница, се’ додека не сфати дека тој е наполно „полуден“ по неа. А, откако почна да и’ посветува песни, таа се втурна во прегратката на Брајан Фери. За неговиот албум „За твое задоволство“ се сликаше гола. Преку огромната продажба на овој албум, светот почна да сонува за Лир. Таа пак, славата ја искористи вака: се врати на својата прва љубов – сликањето, а секоја „чкрабаница“ ја продаваше за 10.000 долари. А, кога сликите престанаа да и одат како „алва“ одлучи да стане ТВ водителка. Во Франција направи неверојатен бум со шоуто во кое изненадуваше со еротиката. А, кога наполно ги збудале Французите, јавно рече: „Доста им е. Сега се на ред Италијанците!“ Се запозна со Берлускони, и доби нова понуда. По брзиот бум се повлече за да продаде уште некоја слика, кои патем, повторно почнаа да се бараат како лек. Тогаш, италијанската телевизија повторнно си ја побара Лир назад. Таа им се врати, но тогаш кога нивната глад по неа стана неиздржлива. Ете, тоа беше Аманда Лир!

Шерон и компанија

skandali seron stoun

Да не беше „Основен инстинкт“, Шерон Стоун намаше да стане сон на милиони мажи. Сценариото ветуваше, а да се биде гола во кревет, па макар и божемно, со Мајкл Даглас, не е за фрлање! Стоун, која го ужива(ше) имиџот на најинтелигентна девојка во Холивуд, ја искористи својата интелигенција до максимум, прифаќајќи бесрамно да се снима расоблечена. Оттогаш славата и’ тргна по нагорна линија.

Истиот „филмски трик“ пред неа го направи Ким Бесинџер со филмот „9 ипол недели“, кој стана култ, сигурно skandali franceskaне заради тематиката, туку заради еротските сцени. Приватно, срамежливата Бесинџер, можеше и да не ја прифати оваа улога, особено кога од сценариото и’ стана јасно дека се работи за еротски филм. Но, напротив, таа одлучи да инвестира во својот актерски талент, кој патем, од голотија не можеше да дојде до израз. Ефектот беше очигледен.

Овој бум не го доживеа и филмот „Шоугрлс“ иако беше направен со иста намера. Но, девојките во него, сепак, не останаа незабележани. До вчера, речиси анонимни актерки, преку улогата на проститутки, добија брдо на нови филмски понуди, дури и онакви со сериозна содржина. И тоа, веројатно тоа што секогаш пали. Тоа е она за кое зборуваше и Франческа Делера, додека снимаше нискобуџетни порно филмови. Подоцна, Делера беше таа која избираше сценарија и суми. А, Памела Андерсон веќе по втор пат вжештуваше со истиот прочитан штос. По Интернет – порничот со нејзиниот екс сопруг Томи Ли, можеше да се најде на истото место, но во различен кревет. Во „оптек“ беа сцените со нејзиниот екс свршеник Брет Микелс. Колку да не се заборави дека и таа сметаше на публиката.

Во меѓувреме, нови девојки влегоа во игра, па ги потиснаа постарите. Всушност, сосема ги фрлија во сенка. Како? Ај, погодете од прва!

М.М

x

Check Also

Кралски изглед на денот: Плисираната сукња на Летиција од Шпанија

Летиција од Шпанија, 49, е неприкосновена во модната естетика која инспирира. Овојпат ...