Би пробале ли сладолед што ја менува бојата?

Во близина на Барселона веќе се продава сладоледот наречен Камелеон што ја менува бојата додека го лижете.

kameleon456456

Шпанскиот физичар, а денес професионален готвач, Мануел Линарес, измисли магичен сладолед кој ја менува бојата додека се јаде. Сладоледот има вкус на мешано овошје и бил измислен додека Линарес посетувал часови за готвење во Барселона.

На почеток идејата на физичарот изгледала смешна, но денес сладоледот наречен Камелеон кој веќе се продава во Калеља де Мар, во непосредна близина на Барселона, е вистински хит.

kameleon 123123

Пред да се сервира сладоледот има светло-сина боја, потоа се попрскува со волшебниот спреј чија формула се држи во тајност и предизвикува бојата на сладоледот да стане темно розова. Додека сладоледот се лиже повторно ја менува бојата во различни нијанси на розово и сино.

 

x

Check Also

Повеќе харизма во личниот стил, со помош на додатоци

За многумина, зборот „стил“ претставува термин резервиран за изглед како од списанија ...