Бидете во Центар на вниманието – Недела на жената во Рамстор Мол

Од 04 до 08 март бидете во ЦЕНТАР на вниманието. Започнуваат деновите посветени на жената. Традиционално секоја година Рамстор Мол го одбележува меѓународниот ден на жената и за таа цел овие неколку дена ќе бидат исполнети со многу подароци и попусти.

Богатата понуда која започнува оваа среда и трае се до недела, ќе биде вистинско МЕСТО ЗА СИТЕ ДАМИ. И оваа година го имаме базарот на рачни ракотворби, каде секој од вас може да избере уникатен подарок.  Во соработка со Еликсир ќе имаме Bourjois Beauty Corner каде секој ден од 12 до 20 часот ќе можете да добиете совети за шминка од професионалци.

На 8 март во недела, секој од вас кој ќе направи сметка од над 1000 денари во некое од продажните места во Рамстор Мол во периодот од 12 до 18 часот, ќе може да добие подарок од нашата палета на подароци: 3 ваучери за СПА + масажа во DoubleTree by Hilton Skopje, 100 книги или пак 300 цвеќиња.

Не заборавајте дека во овие денови на жената обезбедивме и попусти со што ќе направиме се за Вие да имате прекрасни денови на шопинг кај вашите омилени брендови. Затоа бидете на вистинското место за сите дами и бидетете во центар на вниманието каде ќе уживате во деновите на жената.

x

Check Also

Топ 9 модели на есенски кратки чизмички од ZARA

Популарната шпанска модна марка Zara ни носи низа модели на чизми за ...