Бидете ѕвезда во празничната атмосфера со накитот од MISAKI

Бисерниот накит е повторно апсолутен хит. Тој е најдобриот „моден зачин“, па затоа е и вистински избор за празничните денови. Но, доколку се прашувате како да носите комплет накит (зашто вистинскиот накит, како што е накитот со дизајнерски потпис од MISAKI, секогаш доаѓа во комлет), еве неколку практични совети.

  1. Комплет накит од MISAKI како ѕвезда на модната комбинација

Доколку се одлучите за комплет накит од MISAKI, минимализирајте го се останато што го носите. Накитот MISAKI треба да биде главната ѕвезда, а не гардеробата! Облеката би требала да биде минимализирана и многу елегантна, а исто така и деколтето. Не заборавајте дека изрезот на деколтето диктира по кој принцип да го одберете квалитетниот бисерен ѓердан, или обратно. Доколку градниот кош е помал, одберете бисерен ѓердан од MISAKI кој е тенок, но со впечатлив детаљ на средината на ѓерданот. За оние кои не сакаат „гол врат“ тука се ѓерданите од MISAKI кои треба да го нагласат природниот облик на вратот со детаљ – привезок.

2. Што да одберете за визуелно издолжено лице

Доколку имате кружна форма на лицето или сакате вашето лице да изгледа поиздолжено, а јаготките нагласени, треба да внимавате каков накит ќе одберете. Наш совет е да одберете накит/комплет на накит од MISAKI во кој доминираат геометриските форми. Особено е важно „привезокот“ да биде на вашето деколте, зашто тоа е местото на кое запираат погледите.

3. Колку модни детали може да комбинирате со бисерен накит?

Онолку колку што поддржува вашиот стил. Доколку носите еден ѓердан од MISAKI со доминантен украс, според него комбинирајте ги останатите романтични детали кои ги носите. А најдобар избор би бил прстен од MISAKI со ист или сличен мотив. Кога го комбинирате накитот и модните делатли, внимавајте накитот да биде секогаш во преден план. Затоа и го носите, нели?

4. Треба ли бисерниот MISAKI ѓердан да биде краток или долг? 

За одговорот на ова прашање, зависи од дебелината на вратот и неговата должина, но и од големината на „Ве“-изрезот кој го носите. Ако сакате во прв план да биде вашиот совршен бисерен накит, комбинирајте го со подлабоко деколте кое е секогаш одлична подлога за видливост на посебниот накит кој го носите. На тој начин и оптички ќе го издолжите вратот и ќе го нагласите помалото деколте. Совет плус – комбинирајте и обетки од MISAKI кои се долги (до долната линија на брадата) за визуелно да се издолжи формата на лицето.

5. За крај, мал совет како би требале да го комбинирате вистинскиот накит!

Колку прстите се потенки – толку подебел треба да биде прстенот кој го носите. Истото правило важи и за белегзиите – колку глуждовите на рацете се потенки, толку треба белегзијата да биде „подебела“. Комплетот накит е секогаш добредојден за посебни пригоди, а потоа, за модниот стил во деловната атмосфера или за секојдневни излегувања, комбинирајте прстен и ѓердан, или белегзија и обетки од MISAKI.

Накитот MISAKI го создаваат врвни дизајнери од Монако, а нивната врска со јапонската автентичност на потеклото на бисерите, ги прави нивните уникатни креации уште поинтересни. Успехот се должи на вниманието кое се посветува на секоја фаза од производството, од бисери до дизајн. Фокусот е секогаш на модерните и иновативни дизајни, а гаранцијата е – оригиналност во стилот прилагоден за сите жени, без разлика на нивната возраст.

Доколку размислувате за новогодишен и божиќен подарок за вашата драга пријателка, сопруга или мајка – со накитот од MISAKI никогаш нема да згрешите!

Држејќи до својата врвна репутација, MISAKI внимателно ги одбира продавниците низ светот кадешто го продава еклсузивниот накит. Кај нас, накитот MISAKI-јапонски бисери е достапен во продажба во: MISAKI Ramstore Mall, приземје 02-3224-860 и Beta Jewels Skopje City Mall, 1 кат, 078-357-132 и тел. 02-3246-698.

x

Check Also

ПОПУСТИ во Sara Fashion и Penti

Вчера започна акцијата “Денови на летна класика” во сите продажни места на ...