Бијонсе речиси без шминка на насловната на американскиот Вог

Најважното, септемвриското издание на американскиот Вог го краси Бијонсе.

Очекувањата за посебноста на насловната страница се исполнија. Уште кога ѕвездата го одбра за фотограф својот пријател, кој инаку е и прв фотограф-афроамериканец кој фотографира за насловната на американскиот Вог, се знаеше дека се подготвува нешто вонсериско.

Насловната, а и целата фотосесија за едиторијалот, проследена со интервју, е во знакот на природната убавина.

Бијонсе, украсена со цветна „шапка“ и со многу накит, облечена во контрастно бел фустан, изгеда како воопшто да не е нашминкана.

Во едиторијалот таа е облечена во креации од Александар Меквин и Гучи.

„Се прифаќам таква каква што сум. Ќе продолжам да го претставувам секој дел од мојата душа и секој дел од мојата уметност. Сакам да научам повеќе, да ги научам луѓето за нешто повеќе, и да живејам потполно“, вели Бијонсе во интервјуто.

x

Check Also

Шоуто на Викторија сикрет со најлоша гледаност до сега

Шоуто на Викторија сикрет кое се емитуваше на NBC каналот, има најлоша гледаност ...