Бијонсе стана нов креативен партнер на Адидас

Популарната спортска марка Адидас и ѕвездата Бијонсе го најавија новото партнерство, што значи време е да направиме „чистка“ во гардероберот меѓу спортските парчиња, за да ослободиме место за нови.

Новата колекција од оваа соработка ќе содржи спортска облека и патики, дизајнирани од Бијонсе. Пејачката исто така је ќа ре-лансира линијата Ivy Park со Adidas.

Во 2016, Бијонсе ја лансираше суперпопуларната спортска колекција Ivy Park со помош на групацијата Аркадија, во сопственост на Топшоп. Во ноември 2018, пејачката ја прекина соработката со Топшоп, а сега пак, за колекцијата потпиша договор со Адидас.

Партнерството на Бијонсе со Адидас ќе биде повеќеофатно и нема да се базира само на една колекција, туку таа ќе учествува во креирањето на различни спортски парчиња – од оние дизајнирани за перформанси до лајфстајл производи. Познавајќи ја креативноста на Бијонсе и нејзината моќ да ги поместува модните граници, веруваме дека возбудлива спортска модна сезона е пред нас.

x

Check Also

Утревечер светска премиера на „Врба“ на Манчевски на Филмскиот фестивал во Рим

Светската премиера на филмот „Врба“ на Милчо Манчевски ќе биде утревечер на ...