Бијонсе во жолт фустан од виетнамски дизајнер на премиерата на „Кралот лав“

Во саботата вечер, во Лондон, се случи европската премиера на филмот „Кралот Лав“. На црвениот тепих, покрај Меган Маркл и принцот Хари, вниманието го привлече пејачката Бијонсе која го позајмува гласот на Нала во филмот.


Бијонсе беше облечена во жолт фустан со набори, креација на виетнамскиот дизајнер Нгијен Конг Три. Фустанот со длабоко деколте и предимензионирани шлицеви, беше надополнет со накит од Пандора и сандали во златна нијанса на вртоглаво високи потпетици.

 

x

Check Also

Кејт Мидлтон со боси нозе на кралската турнеја во Пакистан

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, се појави боса и со шамија при ...