Битолчани во празнична „Зимска приказна“ до 1-ви јануари

Детски претстави, концерти на бендови, работилници и ДЏ сетови доминираат во деветте дена континуирана програма на “Зимска приказна” – празничен фестивал кој за прв се случува во Битола.

Со голем концерт на битолчаните ФОЛТИН започна сѐ на 23 декември, а заклучно со Дочекот на Новата 2022 година ќе се случуваат редица настани на платото пред неодамна реконструираниот Офицерски дом кој е претворен во празничен плоштад.

Битолчани во огромен број се поддршка за овој настан кој ќе опфати 57 различни проекти, во збирно над 60 часа активна програма, создавајќи вистинска празнична атмосфера во градот.

– Агендата на настаните продолжува и денеска неделно пред Офицерски дом од 11 часот ќе се играат две детски театарски претстави „Зима“ на ЗКУ „Бабец театар“ и „Три“ на знаковен јазик на режисерот Јован Ристовски. Во 17 часот продолжува забавата со Dj Goks, Стрингс бенд, Ние (запирка) другарите, Икс- Бенд, Боеми. Потоа од понеделник започнувајќи од 17 часот на локација Офицерски дом ќе уживате во Битолски дувачки оркестар, Dj Boca, Dj Sop, Dj Berryqyat, Dj Bad Juju, Funkd Up– Бенд, Dj Saso Spect, Драмско озборувачко шоу, група Ѓердан, група Оскар, Деспина. Во среда е предвидена промоција на различни култури од различни етнички заедници на Широк сокак, додека во 20 часот во центар за култура е предвиден концерт на класична музика на Камерен Оркестар на Битола насловена како „Виена во Битола“ а пред Офицерскиот се Dj Chiko, ILE the hair, Contru Dj, THE Groove Бенд.


Четвртокот ни е резервиран повторно пред Офицерски со трите детски претстави „Новогодишна магична бајка“ на ЗЗКА „Балада Арт“, „Подарок за Дедо Мраз“ на Театар Дел Арте и „Новогодишни Желби“ а потоа програмата продлжува со Агим Џело, Dj Ljubisha ,Dj Bobba Funk, Марија Груевска, група Фонтана. На дента за нова година започнуваме од 11 со детски претстави „Караница пред куќата на Дедо Мраз“ на театар Солза и Смеа, „Магично другарство за новогодишното царство“ и настап на СИ ДО. Од 21:30 часот пред Офицерски дом ве очекува НОВОГОДИШЕН КОНЦЕРТ НА КАМЕРЕН ОРКЕСТАР на Битола, ОГНЕНО ШОУ, Dj FLORE, OGNEN & BUKI. Вистинска „Зимска приказна“ за сите генерации, рекоа организаторите на „Зимска приказна“.

Тие додаваат дека на 1-ви јануари „Зимска приказна” од Офицерскиот дом се сели на врвот Пелистер каде што ќе се реализира „Први на први“ традиционалното новогодишно искачување на највисокиот врв на Баба планина.

Сите ангажирани учесници се избрани на јавниот конкурс кој го објави Општина Битола, неодамна мотивирајќи ги сите локални артисти да се пријават, со цел да се поддржи нивната уметничка работа, особено во годината кога заради протоколите имаа ограничен број на ангажмани.

На настаните можност за промоција имаат и малите бизниси, како што се занаетчиите, селектирана угостителска понуда и анимација да се промовираат, нудејќи придружна понуда која ќе асоцира на празници и славење.

Среќни празници!

x

Check Also

Што да правите во Ист Гејт Мол за време на претпразничната сезона

Ист Гејт Мол ја претставува новогодишната магија со богат календар на активности во ...