Бизарна најпопуларна дестинација – Чернобил

Новата хит серија Чернобил на HBO дополнително ја подгреа љубопитноста на туристите да го посетат овој град во Украина.

Серијата „Чернобил“ го освои светот претставувајќи ни ги случувањата од 26ти април 1986 година кои го вознемирија светот. Серијата инспирираше голем број луѓе да го посетат вистинското место на кое се случи катастрофата. Заедно со високиот рејтинг кој го има серијата на сајтот IMDB, порасна и бројот на туристи и љубители на авантура кои ја посетуваат Украина и градот на духовите, Припјат.

Според податоците на SoloEast, од емитувањето на серијата на почетокот на мај, бројот на туристи се зголемил за 40 отсто.

Иако е денес безбедно да се посети Чернобил, многу луѓе би ја заобиколиле оваа дестинација несакајќи да се соочат со мракот кој го опкружува.

x

Check Also

Викенд во Крушево со Taste Крушево – Фестивал на храна и култура

Фестивалот за храна и култура Taste Крушево е отворен настан за сите посетители. ...