Бизарните третмани за убавина на славните, од Гвинет Палтроу до Џенифер Лопез…

Младешкиот изглед, затегнатата кожа, сјајот на лицето…ѕвездите прават се и изнаоѓаат нови третмани за што подобро да изгледаат, вклучувајќи ги третманите за коса, за лице, за кожа. Секако, цената на овие третмани не им е важна, важно е – да се остане убав што подолго.

Да почнеме од глумицата Гвинет Палтроу. Таа, за нега на лицето, освен скапи креми, применува третман со убод на пчели. Глумицата објасни дека овој третман не само што има одлични благотворни својства, туку е и подобар од ботокс.

„Го испробувам секој нов, ефикасен третман. Сум пробала секакви третмани и расположена сум да испробам нови, па дури и да го изложам лицето на убоди од пчели. Станува збор за многу стара метода која функционира неверојатно, но нема да ја заборавам болката од третманот“, вели Палтроу.

Чуден третман за нега применува и Џенифер Лопез. Третманот е на база на грејпфрут, но не треба да се пие, туку да се мириса! Мирисот на ова масло, кое се вдишува три пати на ден во период од 15 минути, го намалува апетитот. Покрај тоа, грејпфрутот дејствува против задржување на водата и го подобрува варењето.

Џенифер Анистон за нега на коса користи шампон од коњски измет. Но, таа не е единствената која е верна на ваквиот шампон. Истиот, инаку многу сакп шампон, го користат и  Ким Кардашијан, Сара Џесика Паркер и Деми Мур.

x

Check Also

Секси фотосесија на Емили Ратајковски за новиот парфем на Paco Rabanne

Популарната манекенка Емили Ратајковски е лице на кампањата на новиот парфем на  ...