Бјути третманите на Леонардо Ди Каприо (25.000 долари месечно)

Леонардо ди Каприо троши 25.000 долари месечно на третмани за убавина. Актерот кој наполни 42 години има голема опсесија за својот изглед, здравје и чистина на кожата. А особено е опседнат со тоа да го сочува својот „бејби фејс“ на кој го изгради од младоста до сега својот имиџ.

Кремите и масажите се само мало делче од секојдневната нега на ди Каприо.

Во продолжение, откриете повеќе за тајните за убавина на овој глумец.

Тиширање со Витамин Ц  

Актерот отсекогаш бил многу внимателен со негата на кожата, со оглед на бурниот социјален живот во минатото, забави и конзумирање на алкохол. Но по 40-та година, ди Каприо добива специјален третман за нега на кожа, наречен витамински туш. За овој третман, во неговиот стан во Њујорк се инсталира специјален туш  со систем за дистрибуција на витамин Ц, кој помага во производството на колаген и подмладување на кожата.

Метод за обновување на клетките на кожата

За да го задржи своето лице на вечно дете, подготвен е да направи се, па дури и да прифати специјален третман со пчели на лицето. Инаку, ваков третман прават и Ким Кардашијан и Гвинет Палтроу. Овој третман со пчели е познат како совршен за стимулирање на обновувањето на клетките на кожата.

Цртање на контури на лицето

Освен скапите креми, инјекции и третмани за лице, Лео ангажирал „гуру“ кој е специјализиран за дефинирање на контури на лицето. Тој доаѓа еднаш месечно во САД од Австралија специјално за глумецот, за да му „нацрта“ совршени контури на некои делови од лицето.

Нова диета

Ди Каприо не е познат многу по физичкиот изглед на телото, односно по мускулатурата, напротив, во периоди на младоста беше дури и полничок, а во повозрасни години често можеше да се види дури и на филм неговото несовршено стомаче. Но сега повеќе не е така. Глумецот ангажираше нутриционист кој е задолжен за секојдневна грижа на неговата исхрана, и така стана веган.

Фитнес

Кога треба да се врати во одлична форма за снимање на филм или за сезоната на црвените ќилими, Лео го ангажира познатиот Грегори Роше, фитнес тренер, кој е со него седум дена во неделата по 90 минути. Во тие 90-минутни тренинзи акцентот е ставен на брзото топење на мастите преку вежби со тегови, кардио вежби и јога.

 

x

Check Also

Седа коса: тренд што обедини многу sвезди во движењето „без боја“ – од Енди Мекдауел до Џејн Фонда, Џоди Фостер, Џејми Ли Кертис до…

Кој рече дека седата коса им одговара само на мажите? Од Енди ...