Black Friday во Америка – најмногу тепачки за телевизори

Огромни попусти, можност да се купи по супер цена, ова звучи супер, но во САД, црниот петок е прилично стресен ден.

Поради огромните намалувања, луѓето се во состојба да создадат стампеда, да чекаат во редови цела ноќ додека трговските центри се отворат, а поединци завршуваат со сериозни повреди.

Според американските медиуми, и годинава е исто, како и досегашните искуства што покажале дека најмногу тепачки меѓу купувачите имало за телевизори кои се и најбарани во стоковните куќи, а по нив за мобилни телефони и компјутери. Но, не ретко се случува купувачите да се степаат и за прилично смешни и невредни нешта, како што беше прочуениот случај од 2014., меѓу две жени, кои комично-тажно убаво се испотепале за долна облека.

„Блек Фрајдеј“ е петокот после Денот на благодарноста, кој во Америка се случува секој четвртти четврток во ноември. По Црниот петок пак, почнува новогодишното шопинг лудило. Потрошувачката на овој ден се проценува на околу 50 милијарди долари.

Инаку, терминот Црн петок датира од 60-те години на минатиот век, но трендот започнал уште во 1924 година и тоа во стоковната куќа Macy’s.

x

Check Also

Согорување калории – Крофните ќе ги истопите со 45-минутно возење велосипед со брзина од 20 километри на час

На топ листата на производи чија калориска вредност неретко ја потценуваме се ...