Близначка по избор на Ив Сен Лоран: Бети Катру

Музата на Ив Сан Лоран, подоцна и на Том Форд, имала сосема индиферентен став кон модата. Всушност, облеката воопшто и не ја интересирала. beti 0 Пред да ја запознае Бети Катру животот на Ив Сен Лоран беше прилично спокоен, по средбата стана бура од забави. Музата на креаторот имаше две желби од дете –ништо да не работи и да има неконвенционален живот. И двете желби ги исполни.

Бети и Франсоа

Бети и Франсоа

Родена во богато семејство кариерата ја започна како модел кај Коко Шанел, без да вложи и најмал труд за да стане модел, благодарение на статусот на нејзините родители и нејзината телесна конституција. Набргу ќе се омажи за славниот дизајнер на ентериери Франсоа Катру, ја напушта кариерата на модел и почнува само да се забавува.

Бети и Ив

Бети и Ив

Препознатлива по градбата, слаба и висока, русокоса и со ладен изглед како да не е заинтересирана за ништо, скриена зад своите црни очила и облека, интригантна, Бети Катру ќе внесе во животот на Ив Сен Лоран драматични промени. Ќе се запознаат во 1960 година и ќе останат најблиски до неговата смрт. beti 3 „Таа е мојата сестра близначка, по душа, мојата женска инкарнација“, ќе рече креаторот. Скандалите, забавите и се што ќе ги дистанцира од вообичаеното ќе бидат само дел од нивните заеднички интереси. Никој не влијаел толку силно на животот и креациите на Лоран како Бети. Но интересно е што неговата муза имала индиферентен однос кон модата. „Индиферентна сум кон модата, неопределена. Се облекувам исто веќе со години, од дете. Не се облекувам воопшто како жена. Всушност, модата воопшто не ме интересира“, вели Бети и додава – „Никогаш ништо не сум научила. Се што правам е природно и спонтано“. beti 4 Подоцна во едно интервју ќе признае и дека напорно е да се биде преокупиран со естетиката и убавината по цел ден, како што се преокупирани нејзиниот сопруг и Ив. И дека таа за убавината не мрда ни со малото прсте. И не само Лоран. Бети Катру извесен период ќе биде муза и на Том Форд. Имено, неговата прва колекција за Ив Сан Лоран ќе биде посветена на русокосата неконвенционална жена во која Париз гледаше симбол на елеганцијата.

x

Check Also

Розовото палто на Џеки Кенеди

Ни 50 години по смртта на американскиот претседател Џон Кенеди приказните не ...