„Близначки“ со 44 години разлика: Кристи Бринкли и нејзината ќерка Сејлор

Ви се гледа двојно? Ова не е сестрата близначка на супермоделот Кристи Бринкли туку нејзината 15-годишна ќерка Сејлор.

bella-christie-brinkley-sailor

Поранешниот модел на Спорт илустерјтид, денес 59 годишната Кристи Бринкли е толку горда на насловната страница за списанието Бела што ја постираше на својата ФБ страница со текстот „Сејлор, Честер и јас на првата заедничка насловна страница откако Сејлор почна да се занимава со манекенство“.

Младата манекенка Сејлор веќе позираше и за августовското издание на  Тин Вог, а во интервјуто се изјасни дека омилен модел и’ е нејзината мајка.

„Беше неодамна кога одлучув да станам модел. Ја прашав мајка ми – Мамо, треба ли да се ставам на диета? „Не. Не треба да бидеш слаба, треба само да бидеш задоволна со себе, самоуверена и во добра форма“-таа ми одговори. И навистина сите нејзини фотографии тоа го покажуваат. Таа беше како божица“, вели Сејлор.

x

Check Also

Триото „Тојлетпејпер“ се врати со нови гротескни модни фотографии

Фотографите Маурицио Кателан и Пјерпаоло Ферари и уметничкиот директор Мико кои го ...