Блузата со точки од H&M, едно од најпосакуваните модни парчиња за ова лето

Принтот со точки и ова лето е сеприсутен, а комбинациите со ваквите модни парчиња овојпат се и најнеочекувани – се носат со флорални принтови, со различни точкасти варијанти, со риги, како и со модни парчиња во силни бои.

Точкастата блузичка од H&M е едно од најпосакуваните модни парчиња на сезоната. Интересна е по кројот, особено по должината која не е стандардна и одлично се комбинира со лелеави здолништа со висок струк.

За дневни излегувања може да се носи со тексас панталончиња или фармерки, заокружувајќи го изгледот со удобни патики и плетена чантичка.

За навечер – свилените и сатенски материјали во комбинација со оваа блуза ќе искреираат впечатлив, женствен изглед.

x

Check Also

Поглед на првите есенски модни парчиња од Stradivarius

Рок-шик, вака накусо би се опишале модните парчиња кои ни ги носи Stradivarius ...