BMW X1 е роденденскиот подарок за Тања од Скопје

Инстант лотаријата Мини и Макси ја изненади прекрасната Тања Ѓоргиевска од Скопје со роденденски подарок BMW X1.

Државна лотарија додели уште еден убавец BMW X1 од инстант лоз Мини и Макси пред салонот на М – Кар каде што Марјана Станојковска ги додели клучевите на  добитничката, а ние имавме можност да ја слушнеме нејзината среќна приказна.

Тања ни призна дека секогаш била скептична за игрите на среќа, но со оглед на тоа дека нејзиниот сопруг редовно купува инстант лозови, се одлучил за специјално дизајниран коверт Среќа Плус и  5 лоза Мини и Макси купени од различни продажни места како роденденски подарок за неговата сопруга.

Не верувајќи дека токму таа може да стане сопственик на еден од атрактивните автомобили, Тања го замолила сопругот да ги провери инстант лозовите дали се добитни. Трите симболи на BMW X1 на лозот донеле неизмерна среќа во домот на семејството Ѓоргиевски.

Со клучевите во рака, Тања се пофали дека на среќата и возбудата им нема крај и во иднина ќе верува повеќе во својата среќа затоа што никогаш не се знае кога ќе се насмее.

Среќа Плус е потврда дека на Вашите сакани можете убавите мигови да  им ги направите уште поубави и посреќни со дарување инстант лозови.

 

x

Check Also

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (26.јули – 2.август): Стрелци, издржете! Невидена страст за Лавовите

Оваа недела планетата Венера во знакот на Близнаци ќе продолжи да носи ...