Имате стара вратоврска? Веруваме, да. Прежалете ја и исечете ја по работ, отстранете ја поставата, а потоа вратоврската поделете ја на четвртасти парчиња со големина од 15 сантиметри.
Земете го претходно свареното јајце и завиткајте го со ткаенината, а потоа на врвот заврзете го со дебел конец или подебел ластик.
Така завитканото јајце покријте го со уште еден слој на ткаенина, но обична, стара памучна крпа и повторно заврзете го на истиот начин.
Колку уметнички дела сакате, толку јајца употребете со истата постапка.
Потоа, сите јајца ставете ги во лонец, едно до друго, и во лонецот додадете ладна вода за сосема да ги покрие. Во водата додадете и 5 лажици оцет.
Оставете да се варат на средна температура уште 20-на минути.
Потоа, со лажица едно по едно јајце извадете го од лонецот и оставете ги да се изладат. Откако ќе се изладат, остранете слој по слој од двете ткаенини.
Сервирајте ги во елегантен сад и декорирајте го садот по желба.