Боење на најголеми велигденски јајца во Веро центар

„Да ги обоиме најголемите велигденски јајца“ е мотото под кое Веро подготвува интересна забава за најмладите во сабота во Веро центар со почеток од 12 часот.

Децата, но и нивните родители, ќе може да се вклучат во боењето и украсувањето на големи велигденски јајца кои ќе бидат изложени во големиот хол на Веро центар. Друштво ќе им прави велигденскиот зајко со кого ќе може да се фотографираат и да се забавуваат.

Веро ја организира велигденската дружба првенствено за подобро да ги запознае дечињата со традицијата за боење јајца, но и да го збогати празничниот дух на семејствата со креативни и забавни активности. На оваа дружба се поканети сите дечиња и нивните родители кои сакаат заедно да поминат квалитетно време за велигденските празници.

Организираната програма пред Велигден ќе почне во 12 часот, а планирано е да трае до 16 часот.

x

Check Also

Деца оставете ги телефоните, ајде да цртаме!

Моќта на детската имагинацијата е неограничена и може да создаде сценарија на ...