Бохо колекција на H&M фокусирана на колоритноста

Подгответе се за новиот бохо тренд со новата колекција на H&M наречена: Color Story.

Со фокус на принтови во силни бои, како и опуштени силуети, ова е втората колекција на модниот гигант за пролет 2021 која ни носи иновативни приказни. Како и својата претходничка, и оваа приказна се фокусира на минималистички дизајни, а приматот го дава на колоритноста.

Дизајните вклучуваат обоени ткаенини со употреба на We aRe SpinDye, одржлива практика од шведска модно-технолошка компанија. Палетата се движи од нијансите на зајдисонце до портокалова, зелена, жалфија, сина индиго и нежножолта нијанса.

Предимензионирани маици, лесни фустани, кроп-врвови и широки панталони одлично се носат со сандали на платформа. Hа колекцијата дизајнерите од H&M исто така додадоа рециклиран накит, како и предимензионирани торби.

Колекцијата ќе биде дотапна во продавниците на H&M како и на Интернет, почнувајќи од 15 април.

x

Check Also

Новата колекција на ZARA нè подготви за лето 2021

Сонувате за летото и плажите? Модната марка Zara веќе не однесе таму, ...