Болката е аларм дека на нашето тело му треба помош

Болката не е само порака од повредените ткива, туку и комплексно искуство пренесено од нашиот мозок. Чувството е контра-интуитивно, но науката е децидна: секоја болка е стопрецентна сензација на мозокот и не постои болка што ја креира кој било друг орган во човековото тело, освен мозокот.

ne3

Како култура и како нација, навикнати сме да ја прифаќаме болката во зглобовите како природен знак на стареењето и нешто што се очекува со годините. Многумина од нас посегнуваат по аналгетици или други брзи решенија против болка, а други едноставно се навикнуваат на болката, избегнувајќи ги активностите што им предизвикуваат нелагодност, како грижа околу внучињата, одгледување на цвеќиња, пешачење, пазарување или лесна рекреација.

Многу нешта може да водат до болка, но мора да знаеме дека болката е аларм дека на нашето тело му треба помош. Да се контролира болката со аналгетици е само еден начин на справување со неа, но најпрепорачливо е да се испита коренот на болката во зглобовите.

ne2

За зглобовите во човековото тело заедничко е што се поврзани со лигаменти. Мускулите се прикачени на нив со тетиви, а и лигаментите и тетивите се обвиткани со заштитни обвивки. Околу секој зглоб има заштитен џеб исполнет со течност, а над коските има заштитна `рскавица што им помага не коските лесно да се движат едни со други. Ако кој било дел од овој совршен механизам е загрозен или компромитиран од траума, повреда или воспаление, ќе почувствувате болка.

Постојат многу причини за болки во зглобовите што се јавуваат навидум одеднаш. Многумина мислат дека артритисот е најголемиот виновик, бидејќи статистичките податоци се во прилог на тоа уверување, имено секој петти човек на планетата има развиено некоја форма на артритис, најчесто остеоартритис или  ревматски артритис.

Болката не е само порака од повредените ткива, туку и комплексно искуство пренесено од нашиот мозок. Чувството е контра-интуитивно, но науката е децидна: секоја болка е стопрецентна сензација на мозокот и не постои болка што ја креира некој друг орган во човековото тело, освен мозокот. Дали тоа значи дека не мислејќи на болката можеме да ја оттргнеме од нас? Колку моќ има мозокот над болката? Дали самодовербата и доволното познавање на оваа сфера може да помогнат?

ne1

Од тие причини за охрабрување е идејата да размислуваме за емотивните токсини и оние нешта што ни предизвикуваат болка, а што најчесто ги игнорираме. Некои истражувања водат до сознанија за директна врска помеѓу негативните чувства и воспалителните процеси. Лица што постојано емитуваат негативна енергија, имаат и повисоки CRP вредности отколку оние што имаат попозитивен поглед на животот. Ефектите од хроничниот стрес врз имунолошкиот систем се веќе добро проучени. Хормонот кортизол се ослободува како наш одговор на стресот и делува на поттикнување на воспалителните процеси што одново не враќаат на болката во зглобовите. Но, тоа е круг што може да се запре.

Евалуирајте го стресот и земете ги в предвид сите активности што би можеле да ве ослободат од него. Тоа секако не е пакет на „ослободувачи од стрес“ што одоговара секому и за сечии потреби. Размислете темелно што би можело да биде она што ќе ви помогне, можностите се неограничени, а резултатите бесценети. Придвижете го телото, вежбајте или пешачете кога ќе можете, тежината што потенцијално ќе ја изгубите, ќе влијае на вашите коски и на болката во нив. Физичката активности помага крвта во организмот да кружи што пак им помага на ткивата околу зглобовите да останат здрави и еластични.

Запомнете дека болката е аларм за помош, а ослушнувањето на  телото е првиот чекот во процесот на лекување.

 

 

x

Check Also

5 кратки совети од Ивица Јанев за поефективно вежбање

Кога за првпат почнувате со вежбање, мора да знаете дека точната форма ...