Бомбици од сирење и зеленчук

Бомбиците не мора да бидат чоколадни или суперкалорични, можат да бидат многу здрави и да се одлична закуска за една филмска вечер. Може да ги комбинирате со сосови по желба.

bom1

2 филџана варена квиноја (квинојата може да ја најдете во продавниците за здрава храна), 2 јајца, 3 исечкани моркови, 1 ипол филџан со исечкан свеж спанаќ, 1 кромид исечкан, 2 лажички лук, 100 грама изрендано тврдо сирење/кашкавал/пармезан, 2 лажици брашно, сол и црн пипер.

Подготовка

Загрејте ја рерната на 200 степени и намачкајте ја тавата за печење. Во голем сад помешајте ги сите состојки убаво да се соединат. Со прсти формирајте бомбици во посакувана големина, па редете ги на тавата. Печете ги бомбиците додека станат златни, од 15-на до 20-на минути. Послижете ги врели со сос по избор. Ние ви предлагаме здрав сос од комбинација на јогурт, лук и копар.

x

Check Also

Лебот Рустика на „Жито Лукс“ повторно достапен  

  Најголемиот македонски производител од мелничко-пекарската индустрија, „Жито Лукс“ внесува уште еден ...