Бомбици од тиква и чоколада

Тиквата и чоколадата прават совршена комбинација. Пробајте го овој лесен рецепт за бомбици и уживајте со сите сетила.

Намирници – 1 чаша пире од тиква (треба само да ја исчистите и малку сварите за да омекне), 1 лажичка какао, 100 грама топено чоколадо, 2 лажици кокосово масло, 2 лажици лешници, 2 лажици бадеми, 2 лажици семки од сончоглед, 2 лажици семки од тиква, 2 лажички мед, прстофат хималајска сол, прстофат цимет, прстофат ванилин шеќер.

Подготовка

Најпрво од орешастите плодови и семките направете брашно. Во блендер ставете ги сите други состојки освен „брашното“ и чоколадото. Добро измешајте. Потоа полека додадете го „брашното“ додека да добиете посакувана густина за да направите бомбици. Формирајте бомбици, протркалајте ги во остатокот од „брашното“, потоа во стопеното чоколадо и оставете ги да се оладат. Уживајте во слаткиот здрав десерт.

x

Check Also

Домашен „зелен“ сладолед во кој може да уживате колку сакате!

Од овој сладолед може да јадете колку што сакате без да почувствувате ...