Бомбици со пршут и пармезан

Едноставни за подготовка, овие супервкусни солени бомбици може да ги послужите како предјадење на божиќната трпеза.

Потребни намирници – 8 листови пршут, тесто за пица (100-може да користите и тесто од 300 грама па да направите поголеми бомбици, но тогаш зголемете ја за двојно дозата на пршут), масло за пржење, изрендан пармезан, црн пипер, чепкалки.

Подготовка

Тестото за пица исечете го на мали делчиња, па од секое направете бомбица (3-4 сантиметри), па завиткајте ги со пршут така што целото тесто да биде покриено со пршут. Пршутот прицврстете го со чепкалка. Бомбиците натопете ги во малку масло, наросете црн пипер и посипајте ги со пармезан. Загрејте го маслото во сад за печење и печете ги додека да станат златно смеѓи и крцкави. Може да ги послужите со лут сос од домати.

x

Check Also

Три вида некласична пица кои вреди да ги пробате

Пробајте ги овие три вида на пица кои имаат специфичен вкус кој ...