Бон-тон на морската трпеза: Кога прстите (не) се дозволени

Рибата не се јаде со обичен нож, но останатите морски плодови како на пример лигњите и октоподот, се јадат исклучително со обичен нож и вилушка.  Нема оправдување рибата да се јаде со прсти, ракот се јаде со прсти.

mhrana 786

Риба

Рибата бара мала вештина при послужувањето и јадењето. Ако сте во ресторан секогаш можете да побарате од келнерот (доколку тој сам претходно тоа не го направи) да ја исчисти рибата од коски пред да ја послужи.

Во домашна атмосфера рибата се јаде со посебен широк нож поставен од десната страна и вилушка од левата страна. Со ножот рибата се преполовува во должина на рбетот и се двојат коските кои се ставаат или на работ на чинијата или во посебна чинија. Главата исто така треба да се отстрани со ножот.

Рибата не се јаде со обичен нож, но останатите морски плодови како на пример лигњите и октоподот, се јадат исклучително со обичен нож и вилушка.

Нема оправдување рибата да се јаде со прсти.

mhrana 987

Рак

Ракот се јаде со прсти. Со десната рака се зема ракот, а со левата се придржува за чинијата додека го одвојуваме од трупот. Најкрупниот дел од оклопот се отстранува со прсти. Исто така, оклопот може да се држи со десната рака, а со левата да ги повлекувате нозете за да ја извадите внатрешноста, потоа месото се прифаќа со вилушка. Делот кај опашката се отвора со специјални клешти, но прво мора да се отстрани утробата. После цела оваа процедура рацете се мијат во чинија со топла вода во која е додадено малку лимон за да бидат чисти пред да преминете на следното јадење.

mhrana 123

Остриги

Остригите се сервираат и јадат само свежи. Малку вештина треба со вилушката да се отстрани малиот црн дел. Потоа исцедете малку лимон, а со лажица фатетете го месото од школката и безшумно сркнете.

Со школките треба да се послужат мали кришки леб и путер со кој се премачкува лебот кој се јаде со рака.

x

Check Also

HUAWEI го претставува P Smart Pro со тројна AI камера од 48 MP и воодушевувачки дизајн

Huawei го претстави HUAWEI P smart Pro – најновиот паметен телефон, со модерен дизајн и ажурирани спецификации што ...