“BoomerangMugs” се „најоткачените“ шолји за кафе кои некогаш сте ги виделе, дизајнирани по „рецепт“ на Илија

Време е за будење, а денот без кафе, чај или топло чоколадо не би бил комплетен. За вашето утринско кафе да биде уште поубаво од вообичаено, ви препочуваме да го вкусите во неодоливите рачно изработени шолји на Илија кој својата неверојатна кретивност и смисла за хумор ја преточи во прекрасни и практични дела за неговите сакани и секако за сите оние кои ќе посакаат некоја од неговите прекрасни “BoomerangMugs” .

Како се роди идејата за “BoomerangMugs” и кој е главниот „виновник“ за овие убавини во кои покрај ние самите, „ужива“ и нашето утринско кафе, чај или топло чоколадо?

„За тоа како се роди идејата, ќе го дадам најчестиот одговор на ова прашање, а тоа е – случајно. Тоа беше оној предновогодишен период кога „фрчат“ подароци на сите страни, а јас на најблиските сакав да им подарам нешто уникатно, нешто со што би им го разубавил нивното секојдневие, и баш во тој момент ми “светна сијаличката” за да креирам шолји со натпис. Првата која ја изработив беше со текст “Малите нешта носат среќа и среќни моменти”, истата ја објавив на мојот фејсбук профил, па се јави интерес кај моите пријатели, повеќето си посакаа по една своја шолја, некои сакаа да подарат, и тука започнува “BoomerangMugs” приказната која трае веќе две години“, вели Илија.


Инспирација за создавање на една “BoomerangMugs” ?


„Оние кои нарачуваат, тие се мојот главен извор на инспирација, затоа што без нив, “BoomerangMugs” нема да биде тоа што е. Секогаш кога некој ќе ми нарача шолја, нарачува со љубов и посвета. Нарачува со желба да израдува некого, а тоа е она што мене ме мотивира да продолжам да создавам нови креации“, вели Илија


Како се создава една уникатна “BoomerangMug” ?


– Секоја една “BoomerangMug” се создава со внимание и посветеност. Најпрво се земаат двете најпотребни состојки за создавање на една шолја, а тоа се желбата и идејата од личноста која ја нарачува. Потоа се разменуваат мислења и предлози, се додава кретивност, и на крај да се добива посакуваната шолја.


Кои се најинтересните пораки кои досега се имаат најдено на “BoomerangMugs” ?


-Мене лично секоја една ми е интересна, но кога би морал да одвојам, тоа би биле “Let me drink my coffee, and no one will get hurt” и “Не сум утринска личност”. Понекогаш се пронаоѓам во тие две пораки, па затоа и ги одбрав. Во овие две години откако постои “BoomerangMugs” имам изработено „мал милион“ шолји и филџани, но сè уште немам изработено една за себе.

x

Check Also

Инстант лозот ПАРКиРАЈ ХИБРИД додели уште една Toyota Auris Hibrid

Скопје 07.12.2018 година, Државна лотарија на Македонија денес додели уште еден автомобил ...