Борис Штајдухар, фотограф на убавите жени и гламурот

Нема ѕвезда на хрватската сцена која претходно не поминала низ фотообјективот на славниот Штајдухар. Велат, тие всушност станува ѕвезди, веднаш потоа. А, многу од нив и сосема ги разголил: и најсрамежливите жени и најтврдоглавите мажи…

Ава Карабатиќ

Ава Карабатиќ

Кога во 1979. година за првпат го зема фотографскиот апарат, погледна низ објективот и сними неколку фотографии, на Борис Штајдухар му стана јасно дека ја пронајде животната професија. Тогаш, додуша, не знаеше од каде да тргне и кому да му се обрати за својата новооткриена страст да ја преточи во професија, но тогаш, веројатно така морало и да биде, една случајна средба му го реши проблемот.

Ава Карабатиќ

Ава Карабатиќ

Своите фотографии му ги покажа на еден пријател кој ги однел во „Полет“, тогашен култен младински весник. На уредниците им се допаднало фотографското видување на младиот загрепчанец, па веднаш ги објавиле неговите фотографии. Кон крајот на 1983. го вбројуваат во четвртата генерација на загрепски фотографи, а следуваа и понуди да снима за „Старт“ и „Свет“.

Александра Грдиќ

Александра Грдиќ

Веќе тогаш му беше јасно дека повеќето свои фотографии ќе ги објави во весниците, па иако работеше за сите поважни домашни печатници тврдоглаво одбиваше да се вработи во било која од нив. Во Заедницата на уметници на Хрватска примен е во 1990., а набрзо потоа се приклучува на екипата која го покрена неделникот „Глобус“. Тука го заработува прекарот Штајди и првата фотографска болест – професионални проблеми со рбетот. Сепак, најголем број од фотографските инспирации ги пронашол во „Глорија“, снимајќи убави жени и гламур.

Сташа Димитријевиќ

Сташа Димитријевиќ

Велат дека не постои жена која на неговите фотографии ќе изгледа лошо, а од сите дами на домашната јавна сцена најчесто му позирала Ена Беговиќ. Љубителите на модната фотографија знаат дека Штајди е првиот Хрват чии фотографии се објавени во „Вог“, а ликовните критичари му забележуваат единствено што ретко самостојно изложува.

Иако не одбива снимање на моден каталог или кампања, сепак, на крајот секогаш им се враќа на списанијата кои за него се најголем предизвик. Секоја нова тема за Штајди е уште една адреналинска инјекција, подобра и поинтересна од претходната. Борис Штајдухар познат е уште по нешто, како тинејџер учествувал на трки со автомобили и сеуште го држи таа страст по брзото возење.

Николина Пишек

Николина Пишек

Штајдухар е горд на тоа што во многу работи бил прв. Освен во „Вог“, тој е првиот фотограф кој направил машка „дуплерица“, а му позираше Невен Чорак , и тој е првиот фотограф кој го објави својот разголен модел ( Сунчана Лалиќ) на насловна страница.

Миррко Филиповиќ

Мирко Филиповиќ

Ја фотографираше и темномурестата Тери Ферман која Хелмут Њутн ја вброи во својата колекција од 100 најубави жени на светот, прв ја фотографираше домашната мисица ( Александра Грдиќ) за хрватскиот “Плејбој“ и единствен е кој договори позирање кое денес се чини нереално – Влатка Покос и нејзината сега веќе поранешна поќерка Лана Радељак.

Борис е фотограф на крстосницата меѓу традиционализомот и модернизмот, уметник кој по правило преферира рафинираност во изразувањето, но кога ситуациите тоа го наложуваат знае да биде и груб.

Катарина Радивојевиќ

Катарина Радивојевиќ

Подготвен е да ги отфрли долготрајните подготовки за да ги искористи посебните, случајни околности (неверојатните фотографии на Даниела Мартиновиќ на дожд), не се концентрира само на моделот туку и на околината, креативно ги реализира како ситните задачи така и спектакуларните серии. Со него нема правила: некои од неговите најдобри фотографии настанале по часови и часови позирање, а некои се фатени во мигот.

Ива Мајоли

Ива Мајоли

Верувале или не, убавата водителка Николина Пишек почетокот  на својата кариера почна да го гради како фотограф, и за да стане успешна, помош побарала од кој друг ако не од Штајди. Со месеци Борис Штајдухар ја подучувал Николина како да фотографира, но најпосле таа го фрла апаратот и одлучува, сепак, да стане нешто друго, на пример, водителка. Па наместо таа да фотографира, во иднина нека ја фотографираат неа.

Чичолина

Чичолина

Боб- репрезентација на Хрватска

Боб- репрезентација на Хрватска

 

Александра Грдиќ

Александра Грдиќ

aleksandra grdic  photo boris stajduhar

Стефан Капичиќ и Миранда Виџак

Стефан Капичиќ и Миранда Виџак

 

Ј.К.

x

Check Also

Агнеса Орданоска, вљубеник во модните трендови, еве што прави денес

Поранешната моделка која беше ангажирана во агенциите „Мак Моделс“ и „Моделс Ин“, ...