Ботаничките таписерии на Ванеса Барагао: Традиционални техники на обработка на волна и рециклирани материјали

Традиционалните техники во обработка на волна се дел од семејното наследство на уметницата Ванеса Барагао. Кога на тоа ќе се додадат и рециклирани материјали, се создаваат прекрасни, иновативни производи, долги импресивни 15 метри.

Ванеса моментално живее во Порто, кој е центар на португалската текстилна индустрија и соработува со локална компанија за производство на теписи во улога на дизајнерка, а води и сопствено студио. Двете баби и мајката на Ванеса биле упорни да и ја пренесат љубовта кон традиционалните техники во обработка на волна и таа тоа доста сериозно го сфатила.

Креациите на Ванеса настануваат од рециклиран материјал кој се создава како вишок од локалните индустрии. Материјалите се преземаат, се перат и повторно се искористуваат во уметничка цел која не само што е освестена во смисла на материјалот, туку и со својата порака.

Во едно интервју Ванеса објаснува зошто ја одбира токму работата со рециклирани материјали. Текстилната индустрија е една од оние кои најмногу ја загадуваат околината. Скоро во секој процес се користат штетни хемикалии, од процесот на обработка до боење, а со сето тоа и потрошувачката на енергија е енормна.
Резултат на сето тоа е создавање на многу отпад кој е штетен за екосистемот, а најмногу за океанот, кој апсорбира околу 90 % од загадувањето на атмосферата и како последица на тоа се загрева до точка која е закана за многу видови кои живеат во него.

Најзагрозени се коралите и тие се за дизајнерката најголема инспирација. Ги нарекува подводни градови и смета дека се најфасцинантна работа која ја видела некогаш. Поради тоа на повеќето нејзини креации тема се коралите и океанот, бидејќи се обидува на тој начин да го освести светот колку е потребна нивна заштита.

Целиот процес на изработка на таписерии е всушност многу долготраен и макотрпен, но покрај сѐ иновативен. Ванеса комбинира ткаење со иновативни методи на шиење и на тој начин создава тродимензионални таписерии со големи димензии. Самата нагласува дека додека се обидува да направи апстрактни реплики на корали така како што тие денес изгледаат, акцентот го става на разликите во боите, односно во нивното постоење и непостоење. Снемувањето на боја или нивното избледување во уметноста на Ванеса значи смрт.

Една од најпознатите креации на Ванеса го нашла своето место во воздухопловната база Хитроу во Лондон – таписерија со димензии 600 x 200 сантиметри ја прикажува картата на светот, а е направена од осум килограми јута и 42 килограми рециклирана волна.
Секој континент е претставен со боја која е карактеристична за неговиот екосистем, а особено се истакнати видовите кои се загрозени во делови од светот, како што е гинко билоба во Кина или орхидејата во Индонезија. Тематиката е секогаш иста, а формите се таписерија или теписи, но дизајнерката наведува дека омилено нешто што го направила е сепак нејзиниот прв џемпер што си го сплела.

„Не можеш да ја потрошиш креативноста, бидејќи колку повеќе ја користиш, толку повеќе ја имаш“, цитат на Маја Ангелоу, со кој Ванеса сака да ја опише својата работа и да ја заврши приказната за себе.

x

Check Also

Внимавајте со диетите: Метаболизмот е побавен со секој загубен килограм!

Најтешко слабеат оние кои сакаат да „симнат“ малку килограми, поточно 2 – ...