Ботокс-маска од морков

Морковот изобилува со витамин А, Б и Д, фосфор и калијум, а тоа го прави совршен за нега на кожата. Доколку сакате да го избегнете предвременото стареење на кожата, но и да ја направите затегната, пробајте ја ботокс-маската.

За да ја подготвите оваа маска потребно е – 1 лажица густин, 5 лажици свеж исцеден сок од морков и 1 лажица павлака.

Подготовка

Во половина чаша вода растворете го густинот. Претурете го во лонче и додадете 100 мл зовриена вода. Ставете го лончето на тивок оган додека смесата не се згусне. Потоа, оставете смесата да се излади. Додадете го исцедениот сок од морков и павлаката. Добро измешајте.

Нанесете ја ботокс-маската на чисто лице. Остевете ја да делува половина час, а потоа отстранете ја со млака вода.

Преостанатата количина од смесата може да ја чувате во фрижидер три дена, а потоа повторете ја постапката.

 

x

Check Also

Сите ги чуваат овие пет работи во купатилото, а не би требало…

На некои производи воопшто не им е местото во купатило. Еве на ...