Божиќна трпеза: Брз чоколаден-костен колач

Се подготвува брзо и лесно, а не треба печење.

Од намирници потребни се – 1/2 килограм кекси, 500 грама костен пире, 100 грама путер, 600 мл слатка павлака, 200 гр чоколадо за готвење, 200 гр млечно чоколадо, 250 мл млеко.

Подготовка

За чоколадниот крем – Стопете го на пареа чоколадото и додајте 200 мл слатка павлака. Кога смесата ќе се излади, додадете уште 200 мл изматена слатка павлака.

За кремот од костени – Костен пирето измешајте го со 100 гр омекнат путер и 200 мл изматена слатка павлака.

На тацна редете ги бисквитите благо натопени во млеко. Врз нив ставете дел од кремот од костени, а потоа од чоколадниот крем. Постапката повтпрувајте ја додека материјалот не ви се потроши.

По желба украсете со шлаг или со чоколадна глазура.

x

Check Also

Четири здрави рецепти од коприва кои мора да ги пробате

Листовите коприва се најдобри состојки за детоксикација, ја прочистуваат крвта, ја подобруваат ...