Божиќна трпеза: Совршен јагнешки бут со прелив од црвено вино

Направете од божиќната трпеза вистинска поезија со одлично подготвен јагнешки бут.

Со време, ви предложуваме рецепт кој заслужува внимание, а можеби и ќе ве премислиме со него во веќе смисленото мени. Дегустирајте го специјалитетот јагнешки бут со прелив од црвено вино. Нема да згрешите.

Потребни намирници: 1 јагнешки бут (2,5 килограми), 300 мл јагнешка супа, 90 мл црвено вино, 1 лажица брашно, 1 лажичка сечкан рузмарин, 1 лажичка сечкана мајчина душичка, сол, црн пипер, сечкано лукќе по желба.

Подготовка: Од месото отстранете ги мрсните делови и засечете го на повеќе места. Печете го месото 20-тина минути на температура од 20 степени, со мрсната страна нагоре и наросено со мелен црн пипер и зачини. Намалете ја температурата на 180 степени и печете уште 90-на минути, додека месото не порумени и не фати крцкава коричка.

Извадете го месото од рерна, покријте го со фолија и оставете го да отстои 10 минути. Во меѓувреме, подгответе го преливот. Истурете ја мрснотијата од тавата, оставајќи само една лажица, додадете го брашното и мешајте на оган една минута.

Додадете ги супата, сечканиот лук и црвеното вино и непрекинато мешајќи варете уште три минути. Посолете, наросете црн мелен пипер и процедете го преливот.

Служете го преливот одделно од печењето.

Специјалитетот се „бакнува“ со црвено вино. На здравје!

x

Check Also

Совршен гулаш со колбаси, сланина и компир

Згрејте ја душата во снежните денови со совршен гулаш со колбаси. Потребни ...