Божиќни честитки од кралските семејства, некои креативни, некои здодевни

Време е за посакување добри желби, време е за разгледници од европските кралски семејство. И оваа, како и секоја година, шпанското кралско семејство , како и англиското и белгиското, ги доверија своите божиќни мисли на Инстаграм. Има такви кои објавија фотографија од целото семејство, како во случајот со војводите од Кембриџ или јорданските и белгиските кралеви, а некои ги објавија само нивните ќерки како симбол на новите генерации, како во случајот на шпанските кралски семејства. Или оние кои воодушевени од новото кралско бебе – преку него посакаа среќа за јавноста, како во случајот со малиот принц Чарлс, син наследник на големиот војвода Гијом и неговата сопруга Стефани. Во времето на ковид-19, од аристократите од половина Европа, затворени во своите замоци, со своите идилични слики ни даваат надеж за подобри времиња и најубави желби за 2021 година.

 

Последна од честитките пристигна од поранешните припадници на британското кралско семејство, Хари и Меган. На честитката тие се портретирани во лежерна атмосфера, додека си играат со Арчи (19 месеци), во неговата игротека среде градината. За да ја комплетираат сликата, рустикално и опуштено, тука се и двете кучиња на парот, Гај и Пула.

Први кои објавија поздравна „разгледница“ беа шпанските кралски служби. Кралот Фелипе и кралицата Летиција одлучија да ги истакнат своите ќерки Леонор и Софија (15 и 13 години). Заедно со фотографијата стојат зборовите: „Се надеваме дека овој Божиќ ќе ни донесе нова година полна со надеж“, а следуваат потписи од целото семејство.

Чарлс и Камила, 72 и 73, верни на своите вредности, избраа агол од својата градина во шкотската резиденција Биркхал. Војвотката од Корнвол носи фармерки и син блејзер, но се чини многу крута во својот став додека седи на клупа покрај престолонаследникот. За нивната наводна криза се зборуваше повеќе пати, но тешко дека тие некогаш ќе се откажат од својата измачена љубовна приказна. Честитката нема наслов, треба да бидеме задоволни од нивните кралски фигури.

Кејт и Вилијам испратија семејна честитка со своите три дечиња.

50-годишната Ранија од Јордан се фотографирала со целото семејство. Сите се таму: нејзиниот сопруг, кралот Абдула Втори и децата Хусеин, 26, Иман, 24, Салма, 20 и Хашем 15. Тие беа меѓу првите кралски семејства кои ги објавија своите честитки за празникот на социјалните мрежи.

Јорданската кралица позира во црвен свилен фустан во тандем со својата ќерка Салма која носи здолниште од иста ткаенина. Кралот Абдула, пак, носи кошула со темни панталони како неговите момчиња. Секој носи различна боја. Јорданското кралско семејство напиша поздравна порака на англиски и арапски јазик. „Оваа година, дури и ако треба да се држиме на дистанца, сите ве носиме во нашите срца. Ви испраќаме молитви за добро здравје и среќа“.

Меѓу европските кралски семејства, за Белгијците навистина не би можеле да кажеме дека блескаа од креативност: целото семејство на чело со кралот Филип и кралицата Матилде се претставија во црно-бела модна комбинација, посакувајќи „среќен Божиќ и среќна Нова година“.

За разлика од нив пак, многу голема креативност (и опуштеност) покажа кралското семејство од Луксембург.

x

Check Also

Меган Маркл пак ги разгневи „хејтерите“ со модниот изглед „тежок “ околу 326 илјади долари

Меган Маркл сè уште е во центарот на вниманието на „хејтерите“. Овој ...